Избери и започни со свој бизнис

Интересот не се намалува / Секоја година повеќе од 7.000 гости го посетуваат Саемот за франшиза во Варшава
Вторник
05.10.2021
Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.
 

Палатата на културата и науката во Варшава, традиционалното место на Саемот за франшиза, ќе биде отворена за посетители од 14-ти до 16-ти октомври. И оваа година сите заинтересирани за франшизно работење ќе имаат можност да видат што се нуди на пазарот и да добијат практични информации за секој од франшизните системи.

Најголемиот франшизен настан во регионот на Централна и Источна Европа расте од година во година. Се зголемува бројот на компании кои доаѓаат да ги претстават своите понуди за франшизи на потенцијалните партнери. Годинава се очекуваат повеќе од 200 изложувачи.

За посетителите кои планираат да купат франшиза, ова е всушност идеална можност да се сретнат и директно да разговараат со бројни даватели на франшизи кои бараат деловни партнери не само во Полска, туку и во други европски земји. Во текот на овие три дена посетителите можат под еден покрив, да ја споредат конкуренцијата, да направат десетици разговори и да дознаат детални информации за концептите, нивните планови, услови за соработка и очекувањата што ги имаат од идните партнери. 

Разноврсност на понудата

Во рамките на саемот се организираат низа работилници и конференции за франшизинг. Со своите совети и искуства, експертите од оваа област можат да им помогнат на заинтересираните посетители - од тоа како да ја изберат вистинската бизнис идеја, па се до начинот да одредат и проверат што навистина нуди самиот давател на франшизата. Годинава специјален гостин на Форумот за франшиза ќе биде Маќеј Орлош, новинар и тренер, кој ќе зборува за своето деловно искуство и управувањето со каналот YouTube.

Брендовите претставени на саемот доаѓаат од различни индустрии. Меѓу нив се и образовните системи кои активно бараат партнери за франшиза во регионот - Edukido (работилници со LEGO коцки) и Coding Giants (програмерско училиште за деца). Сепак, оваа година, најмногу поради пандемијата, најголем дел од излагачите ќе бидат концепти со свој фокус на развој во Полска. Сепак, многу од нив нема да ја пропуштат можноста да ја „отворат вратата“ и да ги зголемат шансите за влез на други пазари доколку наидат на посакувани и интересни кандидати – потенцијални приматели на франшизи.

Организатор на Саемот за франшиза во Варшава е консултантската куќа за франшизинг PROFIT system и порталот Franchising.pl. Повеќе информации за 19-тото издание на саемот може да пронајдете тука.


Едукација без граници / На саемот ќе се претстават и системи кои бараат свои франшизни партнери во регионот – меѓу нив и Edukido и Coding Giants

најчитани

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот