Нов ланец за обувки на Балканот

Со сигурни чекори / Малопродажниот синџир FLO е најголемиот трговец на обувки во Турција. со присуство во дваесетина други земји
Среда
06.04.2022
Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.
 

Оваа турска компанија за производство и продажба на обувки е основана од Ахмет Зијлан во 1960 година како мала чевларска работилница. Денес, FLO е компанија со меѓународна репутација која активно работи на проширување на својата малопродажна мрежа. За разлика од своите скромни почетоци, FLO моментално вработува повеќе од десет илјади луѓе и продава повеќе од 55 милиони пара чевли годишно. Препознатливи се по тоа што нудат голем број традиционални и активни обувки за мажи, жени и деца.

Компанијата моментално има силно присуство во Источна Европа, Блискиот Исток и Африка и има 650 продавници во речиси 25 земји. Присутна е во 17 земји како франшиза. Од неодамна започна бизнис во Косово, Северна Македонија и Црна Гора, а на крајот на 2021 година беше најавен влез и на српскиот пазар. Според последните информации, компанијата планира до 2023 година да го зголеми бројот на продавници со франшиза за четири пати, односно двојно да го зголеми бројот на земји во кои работи.

Потребен е простор од најмалку 600 м2 за да се отвори продавница за франшиза за чевли под овој бренд. Продавницата треба да се наоѓа на премиум локација, како што се трговски центри или прометни улици.

Портфолиото на FLO вклучува и сопствени брендови за чевли како Kinetix, Dockers by Gerli, Polaris, Butigo и Mercedes, како и познати лиценцирани брендови (Lumberjack, Nine West ...).

Извор: Franchising.eu


Проширување на пазарното присуство / Компанијата е веќе присутна на пазарот во Северна Македонија, а во блиска иднина планира проширување на присуството на Балканот и со влегување на пазарот во Србија.
PROFIT system

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

За нов почеток – училиште за програмирање /15.10.2020

Какви очекувања може да имаат претприемачите од регионов кои ќе ја изберат франшизата на полското училиште за програмирање Coding Giants? Приказната на Иза Порадовска од Полска може да биде интересен пример